ТРЕТИ НОЕМВРИ ПРЕД 74 ГОДИНИ

Pesjobrdce

Пред 74 години се остварија вековните идеали за слобода. Прилепчани со гордост го одбележуваат 3-ти ноември, Денот на ослободувањето. Градот во текот на 1944 година двапати беше ослободуван. Првпат на 9 септември, слобода која траеше десет дена. Но, Германците повторно успеаа да го освојат. Второто и конечно ослободување е на 3 ноември.

Учествувале борците на 41-та и 42-та дивизија на НОВ на Македонија. Во борбените активностите, како што пишува во книгата за ослободувањето на Прилеп, учествувале и Петтата македонска народноослободителна бригада – прилепска, 10-та бригада, 9-та бригада, 11-та и 7-та бригада, кои смело јуришале од сите правци кон градот, каде имало стационирано голема армија на Германците кои се повлекувале од фронтовите од Грција.

– Германците стационираа големи сили кај Институтот за тутун, кај Плетварско џаде, кон Кукул и кон Гробиштата. Борбените дејствија почнаа на 28/29 октомври и траеа до 3 ноември. Во шестдневните борби херојски гинеле борци. Своите животи ги загубиле 230 борци – сведочат во книгата преживеани напаѓачи на градот.

Loading