ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА „ДЛУП СОВРЕМЕ(Н)“

Foto Ivana Sekuloska

Вечерва од 18 часот во депото на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ДЛУП Совреме(н)“. Станува збор за групна изложба на 12 членови на Друштвото на ликовни уметници Прилеп (Христина Мазнеска, Ивана Секулоска, Методија Јорданоски, Василка Боцеска, Дарко Талески, Зоран Кочоски, Павлина Илијеска, Викторија Димеска, Владимир Здравески, Елена Димоска, Давид Атанасоски и Јасмина Руневска Тодоровска), Мо Марија уметница од Бејрут и уметницата Габриела Мулер од Португалија која живее и работи во Берлин.

Акцентот е ставен на дигиталната уметност, најзастапени форми се видеото и фотографијата. Ќе има и објекти во простор и звучни инсталации.

-Промовираме уметници во различни техники и форми. Едновремено ги поместуваме очекувањата на публиката, која уште е навикната да посетува класични и традиционални изложби – вели Јасмина Руневска Тодоровска, претседател на ДЛУП.

Loading