АРНАУТИНОТ ОД СЕЛОТО АЛДАНЦИ КАЈ ДОКТОРОТ

По ослободувањето, некој Арнаутин од селото Алданци се оженил на возраст од седумдесетина години. Зел млада анама на 18 години. Ја платил со злато. Дал жолтици колку што имала години. Тој престар, а таа премлада, немале заеднички онакво в постела. Им идело во различно време.

Да го засили мерако и да и напрај ќеф на анчето, побарал лекарска помош. Старио потпрашал пријатели, а тие го пратиле кај докторот в град. Старио му раскажал на докторо, а овој му ветил да му поможи колку што можи. Арнаутино навалил, извадил жолтици да му плати, а докторо рекол:

– Ќе пробаме!

– Ако е за пари, че го купам уште 10 чупи.

Докторо го фатила антисимпатичност и си велел – ,,Л,угушко да купува робинка за пари,, – па му рекол:

– Че ти дам медицина, таман да свршиш работа со анчето.

– Така доктуре, кој има пари, има и жени!

Доктуро, наместо да му дај рибино масло, му дал рицинус.

Арнаутино го испил илачо со задоволство.

– Че се качам на коњо, че слезам во дворо од коњо и че се качам на анчето – рекол старио и заминал.

Било летно време, жешко. Отко минал половина од пато, на старио зоврел стомако. Го терал коњо, држ таму, ваму и само што стигнал во дворо, се поткренал од самаро да слези и се истурил одзади. Ги наполнил бечвите. Сиот полн до чевлите, смрдел, корнел и комшите го сетиле. Отишол в пондила на чистење. Се преоблекол, а постраните алишта и чевлите ги закопал в земи.

Доктуро го чекал да се јави. Го немало извесно време. Го фатило страв да не ,,крши,, глата и да одговара за старио.

Отко се оправил од дрскосерецо, арнаутинот отишол кај доктиро и му рекол:

– Тој илачо беше многу силен. Кога стигнав во дворо изби одзади. Не дочекав да се качам на анчето. Ако дочекав и ако избиеше напред, ќе го расипев анчето.

Доктуро му дошло олеснување, оти е здрав и со подсмев му рекол.

– Чорбаџи, требало да бидиш малце пострплив.

– Грешив, многу. Го мислев како че качам на анчето, голема е лакомоста – завршил Арнаутино и појче не побарал лекарска помош.

Loading