ВО ПРИЛЕП МАЈМУН НЕ ИГРА

Prilepskite kurnazlaci i na fotografii

Авторот на книгата Македонски народни приказни, Томе Велјаноски, го пренесува преданието зошто се вели дека во Прилеп мајмун не игра.

Некогаш во Прилеп дошол човек со мајмун, вежбан за изведување разни трикови. Човекот шетал низ улиците, а мајмунот изведувал повеќе вештини, меѓу кои качување и седење на еден стап. Собраните граѓани гледале и на мајмунот му фрлале семки, ореви, лешници за јадење. Некои мајтапџии, дупнале лешник, го испразниле, внатре од плодот, пикнале една оса и му фрлиле лешници на мајмунот. Мајмунот го дочекал лешникот в уста, го скршил и осата го каснала за јазикот, по што мајмунот престанал да игра.

Откако му оздравела устата, стопанот пак дошол да го забавува народот, не знаејќи дали осата случајно или намерно била ставена во лешникот. Почнал мајмунот со вештините, рипни овде, рипни онде, а гледачите плаќале и се смееле. Некои побарале мајмунот да се качи на стапот што го држи стопанот. Мајмуно се качил, додека некој мајтапџија донесол свој стап, на кој, на едниот крај закачил телова боцка. Го поканил мајмунот, а тој, не знаејќи што го чека, рипнал, и се набодил на телот на задникот. Почнало крв да тече. Мајмунот одбивал на друга наредба пак да се качи на стапот. Кога пак доаѓал стопанот  со мајмунот, животното одбивало да се качува на стап.

Се вели дека во Прилеп мајмун не игра, затоа што нема кој да му го држи стапот.    .

Loading