ПОЗИТИВНИ ОДГЛАСИ ОД ЛОЗАНА

Моделарство

Svecen moment od Svetskoto     prvenstvo

На последната седница во Лозана, Меѓународната воздухопловна спортска федерација (ФАИ) даде највисока оценка за сите спортски манифестации во 2016 организирани од Воздухопловниот клуб ,,Фил феникс”. Тоа е награда за ангажираните над 50 стручни лица, главно од градов, предводени од директорот Здравко Тодороски.

Сосема заслужено, поради богата спортска година низ натпреварите на аеродромот. Беше организирано Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство и трите натпревари од светскиот куп ,,Прилеп куп -Трофеј на Прилеп”, ,,Македонија светски куп” и црногорскиот ,,Никшиќ куп”. Десет познати меѓународни стручњаци од САД, Русија, Данска, Словенија, Србија, Бугарија и Македонија беа членови на стручното жири и за светските купови високо ја оценија комплетната организација, кадровската екипираност, објективноста во судењето и стручноста на официјалните лица. На натпреварите од светскиот куп учествуваа 233 натпреварувачи и 300 селектори, водачи и помошници од 22 држави. Уште позначајно е тоа што петчленото стручно жири на ФАИ даде највисоки оценки со комплименти за Светкото првенство. Спортистите и селекторите искажаа задоволство од стручноста и организираноста, а претставниците на САД (вкупно 20) поради организираноста, точноста, многубројните придружни манифестации и содржини, првенството го споредија со олимпијада. На Светското првенство учествуваа 116 натпреварувачи од 22 држави и уште 234 официјални лица, кои цела недела престојуваа во градов борејќи се за медали.

Позитивните оценки годат и се сатисфакција за огромниот ангажман во тешки околности, а погледите се кон новиот предизвик во 2017 – Европското јуниорско првенство.

Loading