ФОРМАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

Izbori za slikanje

Претстојат избори. А и во социјализмот се избираа одборници за собранието на општината, односно на Одборот во соборите. И Градоначалник, односно Претседател на собранието, избран од делегатите на собранието.

Изборите не беа налик на денешните. Туку некаква импровизација на демократски чин. Кандидатите за одборници се предлагаа од политичките субјекти на единствената партија, на Сојузот на комунистите, на Сојузот на борците, на Социјалистичкиот сојуз, на Сојузот на младите, на Синдикатот, потоа на месните заедници од градот и селата, но и делегати доаѓаа од претпријатијата, односно од здружениот труд. Изборите беа фарса, без некоја политичка битка за власт со проекти или програми. Едноставно, политичките субјекти се договараат кои луѓе ќе се кандидираат. Тие без кампањи или претставување на програми, се гласаа. Беа избрани со чинот на предлог. Официјалното гласање без многу граѓани, се изведуваше колку да мине времето, да се задоволи формата и малку јавноста, која и така знаеше однапред кои ќе бидат нивните претставници во локалните тела на власта. Се правеа записници за избраните. Бројот на гласовите, ич не беше важен. А и малку се знаеше. Транспарентноста беше чудна. Сé се работеше зад затворени врати. Нити пак некој обичен смртник се интересираше кој ќе го застапува неговиот интерес на локално ниво. Се гласаа делегати без некој да загуби. Довербата не се пренесуваше од граѓаните, туку од локалната политичка елита, главно од партијата, која ги визираше мандатите преку државните служби.   

Loading