ВИШНИ КУЌИ НА ВРЕДНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Prilep nekogas faten od Rid

Сликава е сведок дека не биле лоши минатите времиња. Градот и тогаш имал убавина. Било поскромно, посиромашно, но богато со природно однесување и голема искреност и почит. Можеби имало покриви од ламарини, но луѓето биле богати со  душа. И раскошни со челична трудољубивост. И тогаш се вишнееле куќи на богатите стари прилепчани, кои се со посебна архитектура (како на сликава). Луѓето се сеќаваат дека градските, особено чорбаџиските, куќи биле многу убаво средени внатре. А скоро во секој двор имало високи дрва, најчесто тополи. Кај имашните имало и чешма, а бунари кај поскудните.

Во секој случај се дишело почист воздух низ времињата, а луѓето биле  поразбрани, почовечни. Дел од домовите пред 60-70 години, видени од фото објективот од Ридот, доловуваат заеднички моменти за уживање во прекрасната глетка со “мирисот” на стариот Прилеп.

Loading