ИЗВОРИШТЕ НА ИМПРЕСИВНА ПРИКАЗНА

Марковите кули

Bedemite - prekrasno istorisko zdanie na Markovi kuli

Божја енергија и духовна смиреност се чувствува во цел предел на Маркукуле, како и моќност која извира од силата на сивиот камен. Од необичниот живописен предел се гледа цела Пелагонија.

Расфрлани карпи со необични форми. Стеновито здание се расштркало над Варош. Најживописната средновековна тврдина во Македонија, Марковите кули, е на висок рид 120-180 метри, опкружен со стрмни падини, покриени со монументални гранитни карпи.

Низ четиридецениските археолошки истражувања, откриени се остатоци на ранохристијанска-словенска, населба, за што сведочеле пронајдени мермерни украси од базилика. Камените ѕидини со широчина од еден метар, датираат од 13 и 14 век. Акрополата била поделена на помали простории со внатрешни преградни ѕидови. Тврдината е една од најголемите на Балканот. Се наоѓал и дворецот на кралевите Волкашин и Марко. Преданието вели дека тврдината ја бранеле 40 војници.

Има добро зачувани гробови, вдлабнати во карпа, каде во 14 век, жителите се криеле од турската наезда. По смртта на Марко, 1395 година, населбата ја зазеле Турците. Животот згаснал.

Подолу под карпите е камената скулптура Слонот во необичните природна големина.

Некогаш Варош имал 77 цркви. Од нив функционираат Св. Димитрија, Св. Никола, Св.Петар, Св. Богородица Пречиста, Св. Атанас, која е без покрив. Тука се манастирите Св. Арахангел Михаил и манастирот Св. Богородица – Трескавец. Во стегите на грамадните камења на Златоврв, мирува црквата и конаците на успение Богородично – Трескавец, од 13 век. Од 14 век има  фрескоживописание. 

Loading