ТЕАТАРСКО ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА ТЕТОВЧАНИ

Odlicna izvedba na Premiera vo vo Tetovo

Театарот со претставата „Премиера во…“ во режија на Коле Ангеловски гостуваше на фестивал во Тетово и предизвика културно освежување во градот под Шара.

Ансамблот одлично се претстави како на сите гостувања во претходните месеци. Публиката се виткаше од смеа, гледајќи го колажот од повеќе театарски ситуации, низ кои провејуваат две паралелни приказни. Едната што значи создавање на театарска претстава, а другата, во основа – приказната за љубовта, низ која се испреплетуваат разни емоции, интриги, лаги и љубомори.

Loading