ПРОБЛЕСОЦИ

Кон 11-тото „Поетско Маркукуле“

Ги имало, ги има, ќе ги има…

Poezijata odeknuva pod Markukule

 

Тоа се проблесоци на човековата потреба да се изрази себе, да биде слушнат, искричаво да блесне на ноќното небо, да создаде зрнце бисер, да остави трага зад себе… И првобитниот човек творел. Цртачот од Алтамира на ѕидовите од пештерата оставил трајни сведоштва за генерациите до денес, не само што се изразил себе и својот дух, тој ја оставил пораката за трајноста и сеопфатноста на уметноста. Првобитниот човек штом го усвоил говорот, почнал да пее, да создава стихови, па и денес таа првобитна поезија восхитува со својот дух, а нејзиното значење и суштина сé уште се предмет на толкување и истражување.

На македонскиот човек повеќе од петстотини години му беше оневозможено било какво духовно творештво, но тој упорно ги создаваше народната песна и оралното творештво, тајно сликаше фрески по ѕидовите на манастирите, моминските везови стануваа вистинско ликовно творештво…

Некако така, како продолжение на напорот на сликарот од Алтамира, како поддршка на првобитната поезија и како континуитет на македонското усно творештво, пред десетина години беше замислена и манифестацијата “Поетско Маркукуле”, на обичниот човек да му се овозможи простор и пиедестал од кој ќе се изрази себе, својата мисла, од кој ќе ја оствари потребата за комуникација и поддршка. А има ли подобар простор од падините на Марковите Кули, под древните градби останати од вековите, пред материјалните сведошва од историјата, од кој поетот ќе ја провозгласа својата порака, своите пламени зборови за љубов, својата зачуденост пред светот во кој обичниот човек е дефинитивно отуѓен, својот крик за мир сред разгорениот свет?…

Нема.

За ова сведочат и песните од овој Зборник, како и песните од минатите Зборници меѓу кои има и такви што се вистински поетски бисери, преполни со родољубие и рефлексивност, со мисловни структури пред кои се замислуваме, со метафори што остануваат во сеќавање.

Целта е постигната.

Поезијата од под Маркукуле години на ред одекнува низ Пелагониското Поле, во Зборниците останува како сведоштво за потребата на човекот зад себе да остави трага, да ја надмине анонимноста, а масовната посета на Манифестацијата свидетелствува за нејзиното сé поголемо значење.

Инаку, на годинешново “Поетско Маркукуле” учествуваа над педесетина поети од Прилеп и другите градови од Македонија, а манифестацијата ја збогатија и  и дадоа меѓународен карактер и поетите од Србија и Хрватска: Искра Пенева, Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ и Дамир Трогрлиќ – Вас.

На манифестацијата беше промовиран и Зборникот “Поетско Маркукуле 2015”.

Biljana Todorovska

Angelka Korculanik - Hrvatska

Iskra Peneva

Donco Misovski

Poeti kaj Slonot

Petar Petreski - eden od organizatorite na manifestacijata

Valerio Orlic - Hrvatska

Simeon Ivanov - Kango

Voditelkaka Cvetanka Gligorova i Metodi Postolski Kosir - Slovenija

Loading