СИМБОЛ НА ЕДИНСТВОТО

Се освети новоизградената џамија  во Тризла

Minare i dzamija vo Trizla

За задоволување на верските потреби на неколку илјади жители со муслиманска вероисповед, претежно од ромска националност, во Тризла е ставена во употреба новата џамија со името на населбата. Објектот располага со 980 м2 и изградбата чинеше над 300 илјади евра кои се обезбедени со донации од верниците и средства од општинскиот буџет. Темелите беа поставени во октомври 2012 година. Општината ја предвиде џамијата во новиот Генерален и деталниот урбанистички план за населбата, а земјиштето го купи и проектот го изработи религиозната група “Ехли Сунет Ел Џемат”.

На церемонијата присуствуваше иницијативниот одбор, религиозната група, голем број верници, претставници од локалната власт и минисерот без ресор, Неждет Мустафа.

– Со голема почит и чест се освети овој исламски верски храм, кој е знак и дело на нашето единство и почитување, на толеранцијата и соживотот меѓу нашите пријатели Роми. Џамијата е од голема важност за ромското население, а прилепчаните, и Македонците и Ромите, отсекогаш низ вековите живееле заедно, со големо меѓусебно почитување на верата, традицијата и културата. Почитувањето на верските слободи е приоритет на Владата и  нашата општина – истакна градоначалникот Марјан Ристески.

Osvedocecno edinstvo na Romite i Makedoncite

За министерот Мустафа, толеранцијата и почитувањето на ромската популација и на верските разлики на луѓето се карактеристични за овој град, кој е пример за како треба да живеат едни до други, Ромите и Македонците.

– Храмот е потврда  колку локалната власт се грижи за ромското население, кој е за време на Декадата на Ромите, значително придонесе  за поддршка и интегрирање на ромската заедница во општината за да се подобрат условите за живеење – рече Мустафа.

Izrazuvanje na verskite cuvstva

Светилиштето на исламската религија, за верниците преставува  остварување на заложбите да се молат во свој верски објект.

Loading