ТРИАГОЛЕН ПАРК МЕСТО ПЛОЧНИК

Prvin trijagolnik a sega plostad

Тука, пред прилепската гордост, исправената саат кула издигната до небеса, се наоѓал парк во форма на триаголник. Впечатливиот облик, бил украс и мерак за очи, бидејќи во срцето на зелената трева, украсена со трендафили и други цвеќиња, се наоѓал и споменикот на првиот меѓу еднаквите, херојот Мирче Ацев. На бетонска ограда со која бил заобиколен паркот, се починувале оние на кои им натежнал уморот. Релаксирачката атмосфера ги разнежнувала намерниците, кои често минувале крај триаголникот… Не е чудно што “кормилото” од велосипедот понекогаш на минувачите ќе забегало, “опиени” од глетката.

Денес триаголниот парк го замени споменикот на Крали Марко крај гранитниот градски плоштад. Подобрите познавачи на душата и физиономијата на старата чаршија се сеќаваат дека недостасува еден ред дуќани кои веројатно се урнати да се прошири улицата кон ОУ “Кочо Рацин”.          

Loading