СТАР МИГ НА ПЛОЧНИКОТ

Moderen plocnik za sedumdesettite

Центарот или т.н. Плочник во седумдесеттите години. Фотографиран е веројатно од Саат кулата. Стамено, со посебен шмект плочникот го заличува градот, со издигнатите хотели Јадран и Југославија и Скопје, а од далеку подава “раце” и пркоси со својата “виткост” и деветтокатницата. Покрај шеталиштето со мермерни плочки, неправилно расфрлани, се збрале автомобилите на купче на паркингот насреде. Тоа бил простор за ретките возила кои крстареле низ улиците од коцка.

Покрај булеварот, раскошно зеленило. Дрвата слободно вишнеат и се шират. Тука се дуќаните. Не заборавна е стара НА-МА, Југопластика, Борово, летната бавча, т.н Трло, слаткарницата Инзап, Пензионерскиот клуб, Автобуската станица, и што ли уште не. Се сместиле удобно и трафиките пред и по Јадран од каде граѓаните купуваа весници. Прилеп живее скромно, делотворно, со мисла за подобро утре и со тенденција на непрекината градба…

Loading