КРУНА НА ДЕЛАТА СОЗДАВАНИ СО МАКОТРПНА РАБОТА

Владеачката партија со отчет и на локално ниво

– Стапката на невработеност на крајот од 2015 година се намали на 24,6 проценти

– Изградени и реконструирани се 510  км. регионални патишта, 750 км. локални патишта

1. Otcetnost za srabotenoto e nas koncept - Nikola DimoskiЗа три години планирано е Прилеп да добие природен гас за намалување на трошоците на домаќинствата и индустриските објекти. И досега преземените мерки и изменетите закони го подобрија и го олеснија животот на граѓаните. Новите патишта и асфалтираните улици, реконструираните училишта, изградените спортски сали и терени, реконструираните здравствени објекти, комуналната инфраструктура и градежните парцели и друго, се дел од проектите кои ги реализира владеачката партија која пак е транспарентна пред граѓаните.

“ВМРО-ДПМНЕ се занимава со реалните проблеми на граѓаните, а дадениот збор за одговорниот политичар претставува силна обврска. Проектите кои досега сме ги ветиле во Програмата, пред секои избори, како локални, така и парламентарни, претставуваат даден завет пред нашите сограѓани.”

Ова го истакна Никола Димески – член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на прес-конференцијата на која го презентира најновиот отчет за сработеното, а тимовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе го достават до граѓаните. Отчетноста за сработеното е еден од основните темели на концептот на владеачката партија. Тоа граѓаните знаат да го препознаат и наградат.

2. Po Genterm temeli stavi germanski Akumplast vo Alinci– Развојот на Македонија е во економскиот напредок на државата. Растот на БДП гласно говори за стабилната економија и развојниот тренд. Стапката на невработеност на крајот од 2015 година се намали на 24,6 проценти, што е историски најниска досега. Во индустриската зона Алинци почна да работи Гентерм, американска компанија од автомобилската индустрија, инвестиција од 20 милиони евра, во која во моментот има 345 вработени, а бројката ќе достигне 2.000 лица. Се гради и капацитет на Акомпласт, германска компанија од автомобилската индустрија, во која за почеток ќе се вработат околу 250 лица. Грижата е и во зголемените плати во јавниот сектор. Зголемена е просечната пензија за повеќе од 70 отсто, а најниската за 90 проценти. Годинава следи ново зголемување на пензиите за 5 отсто. Грижата е преку зголемување на социјалната парична помош за 61 процент, а од јуни и ново зголемување за 5 отсто. Изградени се вкупно 678 станови за граѓани со социјален ризик, а од нив 76 во Прилеп – рече Димески.

Според партијата, да се даде отчет е обврска која со задоволство се извршува, зашто постојат дела кои се создавани со макотрпна работа.

– Граѓаните ги легализираа бесправно изградените објекти за едно евро од метар квадратен. Досега, повеќе од 8.000 сограѓани ги легализираа своите огништа. Изградени и реконструирани се 510 км. регионални патишта, 750 км. локални патишта. Како никогаш во историјата во Македонија, истовремено се градат три автопати. Завршен е тендерот за изградба на експресниот пат Прилеп – Градско и се очекува започнување на градбата. Објавен е повикот за учество во изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп. За три години е планирано градот да добие природен гас со цел намалување на трошоците на домаќинствата и индустриските објекти. Направени се над 200 милиони евра инвестиции во здравството. Во моментов се изведува реконструкцијата на болницата. Реконструирани се и вкупно 390 средни и основни училишта, а изградена е 51 училишна спортска сала. Децата се наш врвен приоритет – истакна Димески.

Според него, Македонија и Прилеп се сакаат со многу реализирани проекти, повеќе од 3.500 проекти и со напорна и чесна работа. ВМРО – ДПМНЕ продолжува со силно темпо до комплетна реализација на ветеното, но и реализација на многу нови проекти. Мерките и проектите носат развој, напредок и просперитет за Прилеп и за Македонија. 

Loading