МОСТ СО ДРВЕНА „ПЛЕТКА“

Mostot kaj OU  Koco Racin od pedesettiteДрвено, цврсто испреплетено, иако лито ги крепи „коските“ на минувачките години додека никне бетонскиот мост. Едноставното мовче го поврзувало центарот на градот со Ридот. Земјено тло, правливо, но сигурно. Зад дрвените порти кои се затворале одвнатре со сурме, зрачат древни куќи, закрепени обично на еркери. Интересно за сите е што се декорирани со дрвени греди, но и што на катот скоро на сите има прозорци, за да има поголема светлина, а со тоа и здравје, согласно на она дека сонцето дава здравје и живот. Од секое прозорче зрачи животна приказна. Зад секоја врата, една фамилијарна судбина, и неколку поединечни се испреплетуваат и оставаат белег на куќата, по што ја паметат луѓето.

Извишената црква Преображение крикнала кон небото. Се слушала молбата до Бог за здравје и нормален живот, зашто низ времињата граѓаните ги “јадела” сиромаштијата.

Примамлива е Селечка и високите тополи. Убавина за око.   

Loading