ОМИЛЕНИ МАЈМУНИ

Detski spomeni od zooloskata gradinaЗоолошката градина буди спомени. Зашто, првите сознанија со животинскиот свет “во живо” се стекнувале во зоолошката градина, покрај магарињата и коњите, одгледувани во домашните пондила. Повеќе од четири децении се исчезнати мајмуните, лавовите, тигрите, волците и мечките од кафезите во зоолошката градина, која се најдуваше во населбата Аличаир, на крајот од градот. Покрај меморијата, стои и по некоја фотографија од училишните прошетки. Тие сводочат за периодот кога децата на лице место, преку жица се гледаа “очи в очи” со непознатите животни, гледани само по слики.

Не се паметат инциденти. Најомилени беа мајмуните, оти умееја да подаваат раце за семки или леб. Лавовите и тигрите никој не ги задеваше, бидејќи кон нив имаше стравопочит. На нехигиена алудираа волците, а лисиците на мудрост. Мечката симболизираше корпулентност. Предизвикуваше восхит останатиот див свет зад решетките, заедно со  мноштвото птици.

Како и да е, животните од Европа, Африка, Азија, па и Јужна Америка ја задоволуваа љубопитноста и на возрасните.

Loading