БЕЗ ПОТЦЕНУВАЊЕ

Бесплатна објава

Фудбал

Нема потценување на ниеден противник во Третата лига од страна на Победа, апсолутен фаворит. Во дуелот со аутсајдерот Борец беше прикажана игра, доволна за висок триумф од 9-2. При примените голови има опуштање, вообичаено кога така тече резултатот или покажува немоќ гостинот.

В недела е гостувањето кај солидната, петтопласирана екипа на Партизан во Обршани. Тимот на 11 Октомври зеде бод со ремито 1-1 кај Бабуна во Велес и в недела има шанса за скок на табелата дома со Вардар. На соседското дерби Млекар М. Коњари со 3-1 беше подобар од Г. Коњари.

Табела: Победа и Превалец по 15, Вардар 12, Ц. Ѕвезда 10.

Loading