Чмае пуст планинарскиот дом

Дреме напуштена уникатната градба во кружна форма која некогаш беше планинарскиот дом на Дервен. Од опожарувањето пред неколку децении, никој не поттикнал иницијатива ова здание од камен, да стане туристичка атракција и дестинација за одмор. Градбата се распаѓа од ден на ден под налетот на времето, а уште повеќе од разните метеоролошки влијанија. И околните камења, кои се одрониле од масивот, покажуваат дека негрижата продолжува. А некогаш Дервен беше место за многу возбуди и доживувања. Различни се импресиите на прилепчани, чувани и поврзни за објектот со интересна градба. Обновата на домот бара и реновирање на патот, затоа што оние кои последенпат минале, коментираат дека има големи дупки, а минувањето од прашина е неможно затоа што патот е земјен. Престојот на планина во пеколните горештини е шанса за спас и разладување. Уште повеќе ако има уреден планинарски комплекс.

Loading