За коњ казна од 50 евра

Комуналната инспекција е непопустлива и не дозволува да се загадува градската средина. Секое откривање на коњи, магариња и друг добиток низ улиците или речното корито ги одзема животните и ги носи во дворот на ЈП “Комуналец”. Раководителот на комуналната инспекција Блаже Димески објаснува дека сопственикот треба да плати по 50 евра да си ги врати коњот. Ако се повеќе, за сите по толку, плус трошоците за одржување во живот при престојот во “Комуналец”, каде вработените им даваат вода и храна. Забрането е да се чува добиток в град, а уште помалку да се ослободува и слободно да шета низ центарот. Се загадува околината и се нагрдува изгледот на урбаната средина – вели Димески.

Loading