ПЛАНИНАРСКИ КАМП ВО СКРЕБАТНО

Триесетина планинари од ЕПД “Картуш” се “скријаа” од горештините за викендот во дебелите сенки и прекрасниот простор кај охридското село Скребатно. Направија камп со шатори и два дена беа во возбудлив сон со природата, која дарила рајска убавина – камен вода од многу шепурки, студени сенки, зеленило од шуми… Не штедела, сé истуриле мајката – натура крај Скребатно. И селаните дале придонес. Изградиле голем манастирски комплекс покрај црквата Пресвета Богородица. За празникот, неколку домаќини ќе даруваат ручек за пет илјади гости. Не се јадат 70 заклани овци и бравови во што годе тањири, туку исклучиво во земјени, а гравот се срка со дрвени лажици.

Loading