Вечерва во Цепенков
Пејачите од македонската фолк елита вечерва ќе ги одмерат силите на третиот “Прилеп фест”. Од 19 часот ќе бидат исполнети 19 нови песни. Ќе бијат музички мегдан Сузана Гавазова, Татјана Лазаровска, Новица Василевски, Зуица Лазова, Јордан Митев, Соња Тарчуловска, Андријана Ацевска, групата “Модус”, Анастасија Петреска, групата “Фонтана”, Лидија Спасовска, Сања Цинцева, Гоце Пејковски, Рубинчо Благадуша, Елена Јовчева, Игор Бежанов и Ненад Коцевски. Меѓу гласањето шоу ќе има Наум Петрески, кому ќе му биде доделна награда за особен придонес за развој на фолк музиката.