РЕВИЈА НА КРЕАЦИИ ОД СОНИШТАТА

Up fachion show Dress DREAM CREATORS е манифестацијата која привлече неколку стотина љубители на модата и креациите во кафетеријата Вирус. На неколкучасовната ревија на женски креации, продефилираа над 60 манекенки со модни креации, создадени од дизајнерите Маја Најдоска, Анита Сотироска, Кристина Малинческа, Бојана Аритоновска, Дарко Талески, Вера Николоска, Верица Ѓореска, Јане Василески, Даниела Настоска и Ивона од Никофор. За стајлингот се погрижи студиото Крешо. Неколку стотина посетители уживаа во празникот за очи. Манекенките – аматери измамија погледи, а спектакуларните модели, дизајнирани со нестандардни решенија и иновации, предизвикаа возбуда. Атмосферата, создавана од актерот Игор Трпче, кулминираше со аплаузи, па и овации. Манифестацијата ја поддржаа неколку прилепски конфекции и локалната самоуправа. Поради огромното ехо, уметничките, организатори, најавуваат нова неконвенционална манифестација, наречена “Изгубено – најдено”, во која ќе учествуваат случајни минувачи. Иако терминот уште не е утврден, навестуваат дека ќе станува збор за случајно насликани ликови, портрети, кои ќе можат да се пронајдат и да се купат за симболична цена, а парите ќе бидат насочени за хуманитарна акција.

Loading