ИЗБРАНА НАЈУБАВАТА РОМКА

Есенѓул Асаноска беша најубавата Ромка на изборот на мис што се одржа за празникот Ѓурѓовден во ресторанот Македонска куќа. Меѓу седумте Ромки, прва придружничка на прекрасната 16 годишничка е Сибил Рифатоска, ученичка во СОУ ,,Ѓорче Петров,,. Жирито оцени дека веднаш зад неа може да се пореди како втора придружничка, поради волшебство и грациозност, идната медицинска сестра, 15 годишната Субелџан Мамудоска. Изборот го направија повесел членовите на групата “Прилепски ѕвезди”, а меѓу гостите на вечерта на убавината и забавата, се најдоа на заедничко оро, фудбалерите на ромскиот клуб Пролетер и виенски Пролетер, кои дента играа ревијален натпревар на градскиот стадион, кој заврши без победник, 3:3. Невладината организација Романо џивдипе и Сами Јашароски заслужија честитки за организацијата, која ја удостои и градоначалникот Марјан Ристески.

Loading