ПЛАНИНСКИТЕ “ЦАРЕВИ” НА ЦЕРИЌИН И ЕЛЕНИК

Неделен сончев ден. Пролетната температура ги измами планинарите од ПД “Јане Сандански” да го посетат Еленик и Бешиште. Таму професорот Башески ја раскажува, по кој знае којпат, приказната за за дивата, впечатлива околина. Пладнето ги пречекал манастирскиот рај на црквата “Св. Никола” кај селото Манастир. Дел планинари, преку местата “Момата” и “Желката” уживаа во панорамата. И 20 – тина “еколошки” настроени планинари од “Картуш” им гостуваа на селаните од Тајмиште, кичевско. “Плакнеа очи” во дабовата шума, која ја прочешлаа преку неколкуте патеки кои водат до врвот Сандакаш и Цариќинов врв. Планинарскиот дом “Тајмиште”, реката и рудникот ги “прегрна” планинарите. Им овозможи лесен сон во планински амбиент за само 50 денари кревет.

Loading