ЛЕТЕН СОБИР НА 14 УМЕТНИЦИ

На ликовната колонија “Дрен 2008”

            ЦК “Марко Цепенков” ги привршува подготовките за ликовната колонија “Дрен 2008”, во манастирот Свети Илија во селото Дрен. Од 29 јуни до 7 јули, манастирскиот двор ќе зрачи со ликовно творештво на 14 уметници кои ќе се инспирираат од раскошниот природен дар на околината. Засега го потврдија учеството да создаваат ликовни дела кои ќе бидат изложени по завршувањето на колонијата, Сергеј Дамовски, Силвана Атанасовска, и Мирослав Стојановиќ од Македонија, Светлана Солодовникова и Олга Петракеева од Русија, Драгана Бранковиќ од Србија.

            Изминатите четири години над 50 уметници од земјата, Бугарија, Србија, Полска, оставија во трајно наследство околу 130 уметнички дела.     

            ЦК “Марко Цепенков” ја организира колонијата со поддршка на Министерството за култура. 

Loading