Прилепско – кралевски цртан филм и зборник

Библиотеката “Борка Талески” на официјалната посета на Кралево, воспостави соработка со библиотеката “Стефан Првовенчани”. Договорена е изработка на цртан филм и печатење на зборници. Договоривме подготовка на заеднички меѓници за книги, илустрирани со детски цртежи, изработка на цртан филм за Крале Марко, во кој со цртежи ќе учествуваат деца од Прилеп и Кралево, како и издавање на поетски зборник на прилепски и српски автори на македонски и српски јазик – велат од Библиотеката, потенцирајќи дека сродната институција во Кралево има простор од 1600 метри квадратни, 39 вработени и располага со книжен фонд од 130 илјади книги. Во работата биле вклучени волонтери, ученици и пензионери. Во Кралево одлично беше прифатена монодрамата “Јас, Илија Димоски – Шаторо”, во изведба на Трајче Иваноски, која побудила интерес не само кај Македонците во Краљево, туку и кај кралевчани.

Loading