“УРБАН” за Петар Петрески

Заради придонесот во ширење на културата во Македонија, писателот Петар Петрески, директор на Библиотеката “Борка Талески”, го доби со признанието “Урбан”, што секоја година го доделува Урбан Институтот од Скопје. Горд сум што см носител едно вакво респектабилно признание, кое им се доделува на поединци во земјата. Наградата не е и за Библиотеката која ја раководам и за вработените. Ова не е куртоазна учтивост, туку, токму поради нивниот несебичен ангажман и залагање во реализацијата на многубројните проекти и задачи. Библиотеката секоја година се покажува со многубројни промоции, богатата издавачка дејност која ја практикуваат многу мал број на библиотеки, организација и реализацијата на Поетското Маркукуле, издавањето на сопствено информативно гласило, афирмација на прилепските автори. Повеќегодишна работа во литературата очигледно има фитбек, односно, позитивна улога при доделувањето на признанието – вели Петар. Писателот објаснува дека со публикациите се реафирмира по малку подзаборавените културна вредност. Ја афирмирам вредноста на младите творечки поколенија на градот. И давам поуниверзално значење и зрачење, бидејќи длабоко сум убеден дека Прилеп во културата и не само во неа, е град светилник, град предводник, авангарден град. Можеби ќе звучи изветвено, а е вистинито дека секоја награда, секое признание мотивира, додава ново количество на толку неопходната творечка енергија, ја раскрилува фантазијата и ги подзасилува моторите на храброста. Така е и со мене. Нема сомнение дека ова ќе биде голем поттик за понатамошна работа – додава Петрески.

Петрески е автор на три книги поезија “Песни за темнината” “Неморални бои” и “Дланка непочинка”, на изборот “Македонскиот урбан расказ”, на книгата раскази “Чудесниот број три”, на драмите “Трета мајка” и “Песијазол”. Преведуван е на повеќе јазици.

Loading