Состанок пред тренинзи

Победа јуниор

Беше најавено дека в среда, 18 јануари, ќе има старт на подготовките на фудбалскиот второлигаш Победа јуниор, но прво е состанокот. Тренерот Златко Петрески и играчите се на средба со управата. Ќе произлезат насокитеза продолжението, условите и играчкиот кадар. Желбата е да се обезбедат повеќе тренинзи неделно на цел терен, не само зад гол како досега. Нужно е доведување засилувања, ако се посакува 4. место и баражот за Прва лига. Досега само шпекулацијата за доаѓање на млад стопер од Работнички, а спротивно, левиот бек Даниел Котески е на проба во Б тимот на Хановер. Првенството продолжува на 4 март.

Loading