Гостува најсилниот, Будуќност

Ракомет: В среда (11, 30 ч.) искушение за Жито Прилеп

Очекувам добро издание – вели тренерот Петлески

В среда во необичен термин (11, 30 часот), во Спортска арена “Сонце” конечно привлечен ракометен меч од женската Регионална лига, помеѓу Жито Прилеп и најсилната екипа на овие простори, Будуќност од Подгорица. За големината на црногорскиот состав зборуваат четирите европски трофеи во минатото, но и актуелните успеси. Есеноска има само еден пораз од дански Митјиланд, а пет победи во Лига на шампионите и шест во Регионалната лига. Будуќност буди историја на женскиот ракомет. Моќен ривал, но не треба да се оптоваруваме. Сум оптимист во душата и на секој меч гледам победа. Ако не се победи, барем добро да се одигра. Девојките само да се сплотени, заедно да се радуваат на секој гол, финта, акција, на секој прогрес, да се нервираат кога не оди. Фокусирани на нашата игра да се издигнеме погоре и на крајот, ако тоа се постигне, не е штета и да загубиме од подобриот – вели Менде Петлески, тренер на Жито Прилеп. Во центарот на вниманието се трите Црногорки во тимот на Жито Прилеп, десното крило Тамара Стојановиќ, левите Даниела Матановиќ и Биљана Павичевиќ. Токму Павичевиќ пред неколку години настапуваше за Будуќност. Уште контактира со колешките, кои не кријат дека доаѓаат убедливо да победат. Сите се репрезентативки, од силни – посилни, ред познати имиња, Бојана Поповиќ, Анѓела Булатовиќ… Се опуштаат на почеток, а на крај даваат максимум. Без сомнение, третпат ќе ја освојат Регионалата лига. Однапред нема предавање. Ќе се бориме како да играме со еднаков ривал – порачува Павичевиќ. Се очекува поддршка од навивачите, за тимот без заминатите Стојановиќ, Кликовац, Когој, Петковска, повредената Илиеска, но и со новодојдената – Здравевска.

Паузата не е проблем

Жито Прилеп се засили со поранешното репрезентативно десно крило, Александра Здравевска. Играше за Пелистер, Еуростандард, Кале, Кабран, а доаѓа од Вардар. Има пауза од седум месеци, но не и пречи. Договоренени сме да бидам до крајот на сезоната, со можност за продолжување. Клубот ми одговара со условите. Прилеп е најблизок на мојата Битола, како да сум дома. Првиот меч со нетрпение го чекам. Можно е да играм уште со Будуќност – најавува Здравевска.

Лидерот со 12 бода

На табелата од Регионалната лига води Будуќност со 12 бода од шест меча. Следуваат Заечар и Јагодина со по осум бода од пет, односно шест меча, Металург со шест од четири, Жито Прилеп со четири од шест, Раднички со два од шест и без бодови е Бисери покрај седум одиграни натпревари. По 14. коло се игра плеј оф на четирите најдобри во Лигата.

Loading