Сеќавање за апостолот на македонската модерна поезија

Коста Рацин бил македонски книжевен деец. Познат е по поезијата во збирката “Бели мугри”. Таа е темел на македонската современа литература. Чест да го носи неговото име има едно основно училиште во Прилеп. ОУ “Кочо Рацин” секоја година, на 22 декември се сеќава на прерано згаснатиот живот на писателот и борец против социјалните неправди. Така и годинава. На церемонијата на одбележувањето на патрониот празник училишниот хор ја отпеа химната. Директорот Петре Крагуески рече дека училиштето од година во година се подобрува и е “храм на знаењето” за голем број ученици. Голем беше бројот на пофалени и наградени ученици и настаници. Овации и блесоци од блицеви го пречекаа Божидар Стеваноски – државен првак по математика, кој сега е прва година, а лани освоил неброени награди и учествувал на математичката олимпијада. Низ рецитал и со извадоци од песните на Кочо Рацин беше доловена биографијата и добата во која тој живеел и творел. Секој ученик имаше дел од рециталот “За Рацин”, во кој што лирски беше кажано дека бил човек кој знаел да љуби, знаел да се бори и знаел да застане на патот на неправдата.

Loading