ВРЕМЕ Е ЗА ПРВ ПРОЛЕТЕН ГОЛ

Победа

Претстои 20. рунда од Втората фудбалска лига. В сабота (14 ч.) на Градскиот стадион “Гоце Делчев” е дуелот Победа – Беласица. Ова е традиционално дерби. Прилепскиот тим мора да победи во борбата за опстанок. А за да триумфира, мора да даде гол, што не му успеа во претходните 4 пролетни меча. Прво беше 0:0 со Тетекс во Тетово, потоа 0:1 дома со Башкими, па 0:1 пораз кај Охрид, а во вторникот 0:0 со Осогово во Кочани.

Табела: Беса 50, Пелистер 42, Детонит 41, Арсими 35, Охрид 30, Башкими и Скопје 28, Вардар Н. 27, Беласица 25. Кожуф 24, Новаци 23, Тетекс 20, Победа 17, Осогово 16, Караорман 15, Саса 8.

Loading