МАЈСТОРОТ ПОД БАЛКОНОТ

Дејностите во чаршијата се менуваат како според времињата. Од некогашна бакалница, а можеби и тенекеџилница, до современ и модерен дуќан кој работи 24 часа. Во срцето на старата чаршија, прилепчани овој простор најповеќе го паметат како поранешна продавница за сувомесни производи, деликатес. Денес токму тука, на аголот од зградата и дуќаните кои водат кон градскиот пазар, се наоѓа модерна продавница за накит.        Некогаш тука еснафите го печеле занаетот и го ваделе лебот…. Излегол мајсторот опашан со унечката да го фати воздух, да ги протегне уморните нозе, свиткани над алатот или можеби да ја избрка пладневната дремка, додека впечатливиот балкон зјае празен…  

Денешниве дуќанџии често се пред своите продавници. Немаат толку муштерии и им крепат чест уште невлезени. Некогаш пијат комшиско кафе со цигара пред излогот.

Loading