СРЕБРО ЗА СТОМНАРОСКИ

Пинг-понг: Турнир “Илија Карески – Каре”

Заврши третото издание на Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир “Илија Карески – Каре”, во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. Во салата од ОУ “Добре Јованоски” зедоа учество 132 пингпонгари и пингпонгарки од седум држави. Бугарија беше застапена со 1 клуб, а останатите со повеќе, Црна Гора и Србија со по 2, Грција и Косово со по 3, Албанија со 4, Македонија со 16. Најдобрите добија медали, пехари и парични награди. Во најквалитетната, сениорска категорија, медали освоија и членови на прилепските клубови. Кај сениорките до третото место и бронзата стигнаа Софија Хасану и Емилија Марковска (Младост), а кај сениорите второто место со среброто е за Антонио Стомнароски (Младост 96).

Одличен организатор беше клубот Младост 96.

Loading