ПРЕСМЕТКА СО КРАТОВО

Футсал

Во 15. коло од Втората футсал-лига викендов е мечот Победа – Кратово. Дали ќе запре серијата порази на прилепскиот тим? Веќе пет кола екипата нема освоено ниту бод. Кратовскиот тим е високо на табелата, а есеноска дома, во дуелот со Победа, победи со 7:3. Претходниот викенд и се случи висок пораз на Победа, со 13:3 од Јувентус во Скопје.

Табела: Проект 36, Кораби 34, Јувентус 33, Кратово 22, Енхалон 21, Партизан 20, Балкан 18, Шкендија, Университи и Каршијака 16, Победа, Скопје и Конзули 13, Мал Ајакс 12.

Loading