И ДЕСПИНА СО ТРЕНИНЗИ

Ракомет

Ракометарките на Деспина се подготовуваат за вториот дел од сезоната во Супер-женската лига на Македонија. Тренинзите се во салата “Ристе Ристески – Ричко”. Нема информации за промени. Извесно е дека ќе настапува со играчкиот кадар од есеноска. Тогаш, со 13 бода освоено е 10. место, меѓу 14 тима. Во рамките на подготовките би требало да има и пријателски средби.

Што се однесува до машкиот суперлигаш Прилеп, досега екипата останува на двете засилувања – левиот бек Ангелче Органџиев (Тиквеш) и средниот бек Ерик Андраде (Бразил). Тренинзите траат 15 дена, а наскоро се очекуваат проверките на формата, со Тиквеш и со српската Дубочица.

Loading