СЛЕДИ МЕЧ СО ВАРДАР

Фудбал: Победа

Поради студ и снег не се одигра првиот тест-меч на фудбалскиот второлигаш Победа, дома со прволигашот Тиквеш. Затоа серијата тестови, наместо дома – почна на гости, во средата, Охрид – Победа (3:1). Веќе в сабота е новиот дуел, овојпат дома, со второлигашот Вардар од Неготино. Следниот е в среда, со второлигашот Кожуф, во Гевгелија. Подготовките траат веќе две недели.

Во екипата напролет нема да биде напаѓачот Филип Димоски. Замина во второлигашот Саса. Претходно играчот за врска Јорданчо Наумоски се пресели во второлигашот Пелистер.

Loading