Се’ е по закон што сам си го напишав.
*
Кој посегнува кон македонското минато сака да избега од сопственото.
*
Наместо слуги на народот неговите избраници не смеат да станат дерикожи.
*
Војни се водат и преку социјални мрежи.
*
Надежда никогаш не смее да замре.
*
Сиромавиот двапати плаќа, а му наплатуваат повеќепати.
*
Мувата од капата не ја префрлувајте на друг.
“Д-р Хаџи-Васков”