ТОШЕСКИ Е ТРЕНЕР ВО ШВЕДСКА

Пинг-понг

Двократниот македонски пингпонгарски шампион, клубот Младост 96 се раздели со тренерот Гоце Тошески. Тој се пресели во Шведска, во клубот Вернамо. Сениорскиот тим ќе настапува во третолигашка конкуренција. Трансферот на Тошески е уште една потврда за вредните резултати на Младост 96. Неодамна од овој прилепски клуб во САД замина пингпонгарот Петар Костовски.

Инаку, Тошески, по склучениот договор со Вернамо, накусо е во Македонија, да го следи Европското јуниорско во Скопје, каде ќе има претставник од другиот прилепски клуб, Младост – Лука Стојчев.

Loading