ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ПРЕОДНИОТ РОК?

Фудбал: Победа

Од понеделникот почна зимскиот преоден рок за сите рангови во машкиот, женскиот фудбал и футсалот. Вниманието најмногу е свртено кон второлигашот Победа. Се очекуваат нови играчи, приклучени кон младинци и кадети кои ги одржаа првите тренинзи. За добар тим е потребна комбинација од младост и искуство. Се очекува доаѓање на искусни фудбалери да помогнат во борбата за обезбедување опстанок во Втората лига. Досега од есенската во екипа недостасуваат повеќе искусни, како капитенот Јорданчо Наумоски (заминат во Пелистер) и вториот капитен Филип Стомнароски (нема одлучено каде ќе продолжи).

Преодниот рок е до 11 февруари.

Loading