ПРИЛЕП Е ЗАСТАПЕН НА ЕВРОПСКОТО

Ракомет

Во тек е Европското првенство во Германија, а таму има и ракометар од суперлигашот Прилеп. Станува збор за десното крило Леван Имнадзе, репрезентативец на Грузија. Неговата репрезентација го освои третото место во Е-групата, под Шведска и Холандија, над Босна и Херцеговина. Грузија загуби од Холандија и од Шведска, а ја совлада Босна и Херцеговина. Во грузискиот тим има уште еден ракометар поврзан со клубот Прилеп, левиот бек Теимураз Орјоникидзе, кој сега настапува за Охрид.

Додека трае Европското, екипата Прилеп за претстојниот плеј-аут се подготвува во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, со двајца нови – левиот бек Ангелче Органџиев (Тиквеш) и средниот бек Ерик Андраде (Бразил).

Loading