КАПИТЕНОТ ЗАМИНУВА

Фудбал: Победа

Напролет второлигашот Победа ќе има нов капитен. Досегашниот, Јорданчо Наумоски – Оцко најави заминување. Го меркаат други клубови. Не е изненадување, оти е меѓу играчите во тимот со долга кариера, со многу натпревари и во највисокиот, прволигашки ранг. Останува само да се дознае кој е неговиот нов клуб.

Ова е првата новост, а другите се очекуваат со преодниот рок, од 15 јануари до 11 февруари.

Loading