ПЕХАРОТ ЗА ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ

Мал фудбал: Турнир “Свети Никола”

Домашната екипа Теа Андреа/Хајв кафе е победник на хуманитарниот турнир во мал фудбал “Св. Никола”. До пехарот и највисоката парична награда од рацете на градоначалникот Борче Јовчески, стигна со победата од 3:2 на пенали против охридската АСП Пак. Основниот дел заврши 2:2. Спектакл во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Игла немаше кај да се фрли. Исполнета до последното место, дури и за стоење. За трето место, надмоќна игра прикажа скопската Компанија “Атанасовски”, со победата од 6:0 врз крушевската Бест солар/Тагас Балкан.

Најдобар голман е Антонио Столевски (Теа Андреа/Хајв кафе), стрелец Стефан Богдановски (Компанија “Атанасовски”), играч Марјан Ристовски (Теа Андреа/Хајв кафе).

Loading