ПОДГОТОВКИ ОД 10 ДЕНА

Футсал

Екипата Победа, член на Втората футсал-лига на Македонија, има одмор од средата до следната недела. Паузата е поради тоа што порано го одигра мечот од 10. рунда, дома со лидерот Проект од Валандово (3:12). Претходно беше домаќин, на Енхалон од Струга. Овој дуел го доби со 4:3, со два гола на Никифор Ујгуноски, по еден на Стефан Спиркоски и Никола Трајкоски. Во 11. рунда Победа ја очекува гостување на Университи во Тетово.

На табелата и натаму води Проект, а Победа од средината се бори за приближување до водечката тројка.

Loading