ДАЛЕКУ ОД ПЛЕЈ-ОФОТ

Ракомет

Заврши есенскиот дел од Б-групата на Супер-лигата на Македонија за мажи. Во последното 14. коло, Прилеп – Еурофарм Пелистер 33:38. Разликата е превисока, иако прилепскиот состав даде силен отпор се до последните 5 минути. Впечатокот е поволен, но не и за есенскиот дел. Постигнати се само три победи, едно реми и дури 10 порази. Далеку е четвртото место за плеј-офот. Тоа беше желбата пред првенството. Напролет претстои борба во плеј-аутот.

Во Супер-женската лига на Македонија, Деспина дома со 28:22 го совлада Астибо, а викендов гостува кај Вардар во Скопје.

Loading