СЛАБА ЕКИПА НЕМА

Мал фудбал: Турнир “Свети Никола”

Многу гледачи привлекува хуманитарниот турнир во мал фудбал “Свети Никола” во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Така е затоа што не се знае победникот во ниеден меч однапред. Фаворити мора да се испотат за победа. Екипите се со фудбалери од сите рангови – од општински до прволигашки. Нема, како некогаш, маалски екипи, со рекреативци, на кои целта им е само да учествуваат. Сите претендираат на триумф. Покрај прилепски екипи, чија бројка е 18, има и од други места од Македонија – 14. Пријавеи се 32. Натпреварите се секој ден по 18 часот.

Пионерските екипи настапуваат во ОУ “Добре Јованоски”.

Loading