КОН ТРЕТА ПОБЕДА

Жени

Викендов е четвртото коло од Првата женска фудбалска лига и можноста за трета победа на Цевитана. Прилепскиот тим гостува во Битола кај Топ гол. Гостинската екипа е фаворит, со шесте бода, наспроти домашната со еден. Во претходните две рунди, Цевитана дома со 0:2 загуби од Скопје, а на гости со 4:1 го совлада Истатов (со два гола на Сара Евтинџиоска, по еден на Михаела Настовска и Јована Каралиоска).

Табела: Тиверија, Саса и Ас унитед 7, Скопје и Цевитана 6, Истатов 3, Љуботен, Топ гол и Речица 1, Шкендија 0.

Loading