ДЕСПИНА ВО СТРУГА

Ракомет: Почнува женската Супер лига

Викендов е стартот на Супер женската ракометна лига на Македонија со 14 екипи. Според ждрепката, во 1. рунда Деспина и гостува на Стружанка. Титулата ја брани скопски Ѓорче Петров, а прилепска Деспина е со амбиција да биде повисоко од 11. место, освоено во претходното првенство. Веќе на почетокот е проверката на можностите, со Стружанка, тим осмопласиран манатата сезона. Екипата на тренерот Страшо Илиески е посилна за повратничките Мери Гичева, Ангела Камческа, Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска, Лилјана Димитрова и Елена Рипилоска.

За победа ќе се добиваат два, за нерешено еден бод, нема плеј-оф и плеј-аут, така што ќе се одиграат 26 рунци до конечната табела.

Loading