ОДЛИЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЏФМ

Џудо

Десет држави, со 400 натпреварувачи беа три дена во Крушево, на Балканското првенство за кадети, одлично организирано од Џудо-федерацијата на Македонија, водена од претседателот Владимир Трпаноски.  Во присуство на видни гости, како Бранислав Црногорац, претседател на Балканската џудо-асоцијација, Оцука Казуја, амбасадор во Македонија од земјата, лулка на џудото, Јапонија. Од Македонија беа 21 учесник и освоија две бронзи, преку Георгина Блажевска (до 44 кг.) и Ива Богдановска (до 57 кг.), членки на Миоки од Скопје. Тоа е прогрес од ланската Балканијада со освоена една бронза.

Покрај Трпаноски, значајна функција имаше и прилепчанецот, селекторот Дејан Мицкоски.

Loading