ПОЧНА ПЕРИОДОТ ЗА ПРОМЕНИ

Фудбал: Победа

Од клубот Победа досега има само службена информација за промена на местото шеф на Стручниот штаб. Се очекува името на наследникот на Благојче Дамевски. Извесни се и други новини. Од вчера (15 јуни) почна преодниот рок. Дел од фудбалерите ќе го напуштат клубот, покрај петмината странци кои мораа да заминат поради прописите кои овозможуваат само домашни фудбалери во Втората лига. Останува да се види колку ќе биде клубот во можност да ги задржи поквалитетните играчи, колку ќе има сили да доведе барем неколку засилувања, оти постојано се нагласуваше тешката финансиска состојба. Во такви околности, може да се очекува потпирање врз сопствениот играчки кадар, давање шанса на најистакнатите младинци. Поинаку може да биде само ако се оствари она што се зборува низ градот дека имало интерес за влез на домашен бизнисмен во клубот.

Одморот за тренерите и фудбалерите е до почетокот од јули, кога е првиот клупски собир на градскиот стадион.

Loading