ЕЛАН ВО КЛУБОТ НА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ 

Годинава

Клубот на литературни творци – Прилеп според усвоената Програма, ќе реализира бројни активности за популаризација на поезијата и литературата. Андриана Ристеска, претседател на Клубот, вели дека првите активности ги почнуваат наскоро, а до крајот на годината ќе реализираат над дваесетина.

– Почнуваме со Поетска вечер посветена на денот на виното Св. Трифун и со распишување на традиционален конкурст за децата од основни училишта за Денот на жената. Наградите за најдобрите творби ќе ги доделиме на празникот на 8 – ми Март, при што ќе се одржи и поетско читање. Со пригодна манифестација ќе го одбележиме и 21 март – Денот на поезијата. Во април ќе го славиме денот на шегата. Имаме планирано книжевен портрет на член од Клубот. За мај се планираат традиционалните Мајски поетски средби. Ќе се промовираат книги на наши членови. Литературните творци ќе ги разубават со поетска и прозна реч Мариовско-Мегленските средби. И за јуни е планиран книжевен портрет за еден од членовите. Ќе учествуваме и на Прилепското културно лето. Ќе учествуваме со поезија на традиционалната манифестација Поетско Маркукуле во август и ќе имаме книжевен портрет на еден творец. Повеќе промоции на книги се предвидени за септември. Во октомври е Поетската вечер со револуционерна поезија за празникот 11 -ти Октомври. Во ноември освен книжевен портрет на творец од клубот ќе доделиме и Плакета за животно дело на еден наш член. На крајот од годинава ќе го распишиме конкурсот на слободна тема за патрониот празник на градот Св. Никола и заеднички со ОУ “Блаже Конески”  ќе го одбележиме патрониот празник и годишнината од смртта на великанот Блаже Конески – вели претседателката Ристеска.

Loading